Најава на кандидатите за изборите на OTW во 2022 година

Најава на кандидатите

OTW (Организација за трансформативни дела) со задоволство ги објавува следните кандидати за изборите во 2022 година (по азбучен ред според име):

  • Хедер М.
  • Мишел Ш.
  • Наталија Г.
  • Ноеми Б.
  • Тифани Г.

Целосните легални имиња на кандидатите нема да бидат јавно објавени оваа година освен ако не се назначат или изберат за Одборот.

Е. Ана Сегеди ја отстапува позицијата на Одборот поради лични причини, па така оваа година на изборите ќе има 3 отворени места, од кои едно е делумен мандат од две години. Кандидатот кој ќе добие трето место ќе биде избран за ова место. Благодарни сме за службата на Ана и ѝ се заблагодаруваме за работата и посветеноста.

Затоа што имаме 3 седишта кои треба да се пополнат и 5 кандидати, изборите во 2022 година ќе се одржат – значи, членовите на OTW ќе гласаат за тоа кои кандидати ќе ги пополнат седиштата.

Комисијата за избори е возбудена да им ги претстави кандидатите на сите членови на OTW! Во оваа објава се вклучени линкови до кратки биографии и изборни програми кои ги напишаа кандидатите. Наскоро ќе ги објавиме и информациите за изборниот период и начинот на гласање.

Во меѓувреме, тука имаме временска рамка на изборни настани. Прочитајте понатаму за да дознаете повеќе за нашите кандидати и како можете да им поставувате прашања!

Програми и биографии

Ги замоливме сите кандидати да ни достават биографии кои го резимираат нивното професионално и фановско искуство, како и да напишат програми за нивните цели за нивниот мандат во Управниот одбор со тоа што ќе ги одговорат следните прашања:

  • Зошто решивте да се кандидирате за Управниот одбор?
  • Кои вештини и/или искуство би му ги донеле на Управниот одбор?
  • Изберете една или две цели за OTW кои Ви се важни и на кои би сакале да работите за време на Вашиот мандат. Зошто ги вреднувате овие цели? Како би работеле со други да ги остварите?
  • Кое е Вашето искуство со проектите на OTW и како би соработувале со одговорните комисии да ги поддржите и зајакнете? Обидете се да вклучите низа проекти, но слободно нагласете ги оние со кои имате искуство.
  • Како би ја балансирале Вашата работа во Управниот одбор со Вашите останати улоги во OTW, или како планирате да ги предадете Вашите сегашни улоги за да можете да се фокусирате на Управниот одбор?

Можете да ги прочитате одговорите на кандидатите на овие прашања и нивните биографии на следните линкови.


Announcement

Comments are closed.