Фанлор

ОTW (Организација за трансформативни дела) ја основа Фанлор, сопствената фандомска вики-страница со цел да сe зачува историјата на трансформативните дела и фандомите од кои тие поттекнуваат. Бета верзијата на Фанлор е објавена во септември 2008, а вики-страницата ја напушти бета-фазата во декември 2010. Во ноември 2019 Фанлор надмина 50.000 страници, а заклучно со јануари 2021, на Фанлор има повеќе од 1.000.000 уредувања кои ги направиле повеќе од 50.000 регистрирани корисници.

Фанлор обезбедува рамка во која фановите можат да ги документираат сопствените рабирања и искуства во фандомите, сегашни и минати. Овaa вики-страница претставува жива архива на фандомската историја во корист на самите фанови. Има за цел да ги документира минатите фандомски случувања, како и да ги зачува моменталните дискусии и дебати преку запишување на историјата додека се случува. Фанлор исто така дава контекст за надворешните медиуми, академици и луѓето нови во фандомите – во формат каде фановите имаат контрола врз сопствената репрезентација.

Содржината на Фанлор ја создаваат фановите. Сите фанови се слободни да се приклучат на проектот со тоа што ќе креирааат корисничка сметка и да ја делат сопственоста на содржините на вики-страницата. Фановите можат да придонесуваат преку создавање на нови статии, додавање на детали на страници или преку додавање на сопствената перспектива на статии за да го обноват, дискутираат или прошират разбирањето за темите. Некои уредувачи на Фанлор преземаат оддредени уредувачки проекти наречени FanloreProjects кои се фокусираат на различни теми или фандоми, како X-Files, тропи во фанфикцијата за Harry Potter, Haikyuu и архиривање на Tumblr. Фанлор исто така приредува редовни уредувачки предизвици, како годишниот Фанлор предизвик за IFD (интернационалниот ден на фан-делата) и бинго предизвикот.
Администраторите ги следат поновите уредувања за да се осигураат дека сите придонеси се прописно интегрирани и да обезбедат поддршка за нашите придонесувачи. Вики-страницата е по самата природа секогаш во развој, а Комисијата за правила и администрација на Фанлор обезбедува поддршка, помош и охрабрување онаму каде што е потребно.

Сета оригинална содржина е достапна под Creative Commons лиценца; секому му е дозволено да прави копии за хостирање на други страници. Вики-страницата беше изградена со софтвер со отворен код.

Повеќе детали за Фанлор може да се најдат на веб-страницата на OTW во делот за ЧПП како и на ЧПП на Фанлор. За да стапите во контакт со Комисијата за Фанлор, можете да испратите порака преку нашиот формулар за контакт.

Новостите за Фанлор се достапни преку Twitter, Tumblr и Dreamwidth.