Дали сте помислиле да организирате собир на OTW (Организација за трансформативни дела)? Без разлика дали планирате големо собирање на средства или мала забава со кутија за донации за OTW, има неколку работи кои треба да ги знаете за тоа како да се справите со донации направени на вакви настани.
Дали OTW официјално ги поддржува собирањата на средства од трети странки?
Не, OTW не е во можност официјално да ги поддржи собирањата на средства од трети странки, затоа што тоа би создало проблеми поврзани со данокот. И покрај тоа, среќни сме кога некој сака да собере пари и да ни ги донира! Можете да ги преземете нашите флаери, формулари за зачленување и други метеријали од нашата веб-страница и да одржувате настани кои ги поттикнуваат луѓето да донираат и да се приклучуваат.
Можат ли луѓето да се приклучат на OTW ако донираат на настан од трета странка?
Донациите за членство мора да се направат со чек или кредитна картичка и мора да се проследени со формулар за членство за секој донатор: или електронски формулар пополнет онлajн, или хартиената верзија пратена по пошта. Па така, ако соберете пополнет формулар и чек на име на OTW од секој донатор и ни ги препратите на нас (или ги обезбедите формуларите и ги замолите луѓето да ги пратат самите) или имате обезбедено компјутер за посетителите да донираат онлајн на лице-место, оние кои ќе донираат на настанот можат да станат членови на организацијата.
Меѓутоа, ако ги соберете пари самите и ги препратите на OTW или во кеш или како една уплата, ние немаме начин да ги поврземе поединечните донатори со донациите и не можеме да потврдиме дека секој е вистинска поединечна личност. Во тој случај, иако сме благодарни за нив, донациите не носат членство.
Во секој случај, освен ако побарате да не го сториме тоа, OTW ќе го промовира Вашиот настан и сумата на пари која сте ја собрале и ќе Ви се заблагодари на Вас и на посетителите во нашето е-меил списание. Доколку доставите листа на адреси на е-пошта (кои ќе останат доверливи во согласност со нашата политика за приватност) исто така лично ќе им се заблагодариме на посетителите.
Дали OTW гарантира дека средствата собрани од трета странка ќе бидат предадени на OTW?
Не. OTW не е одговорна за рекламирањето или тврдењата направени од некој друг. Како со секое собирање на средства од трети странки, донаторите даваат на сопствен ризик. Се надеваме дека луѓето ќе бидат чесни, како што е случај во повеќето добротворни акции.
Дали треба да контактирам со некого од OTW пред да одржам настан за собирање на средства, за да го официјализирам?
Не. Собирањето на средства од трети странки е целосно неофицијално и е под одговорност на поединечниот организатор. Се надеваме дека луѓето кои ги водат настаните користејќи го името и логото на OTW ќе се однесуваат чесно.
Дали има добри и лоши моменти за да се одржат настани за собирање на средства во име на OTW?
Секогаш е добар момент да се соберат донации за OTW и да се поттикнат луѓето да се придружат!
Што ако пет фанови сакаат да одржат пет посебни настани на истата конвенција?
Колку повеќе толку подобро. Секогаш сме среќни кога луѓето раскажуваат за OTW и може да ви дадеме предлози и бесплатни онлајн материјали за да помогнеме.
Може ли други да ги користат логоата на OTW за промотивна литература и покани? Дали таквата употреба треба да биде одобрена однапред?
Слободно може да ги користите логоата и сликите на OTW за да го промовирате настанот; не се обидуваме да го контролираме рекламирањето на другите. Замолуваме да се обезбеди литература и информации за OTW како и достапните флаери (на англиски јазик) и PDF формулари за членство и донации (на англиски јазик) за вакви настани. Ние можеме да ви испратиме промотивни материјали доколку Ви се потребни, но би биле благодарни ако можете самите да ги испечатите.
Користењето на кое било лого на OTW на настан на трета странка не значи поддршка од OTW на кој било производ, услуга или поединец.
Дали донациите направени на настан на трета странка можат да се одбијат од данокот?
Даночната служба на САД го признава одбивањето на данок за OTW поради статусот на 501(c)(3) непрофитна организација. Сепак, ако средствата собрани на настан од трета странка се уплатени во една уплата од организаторот на настанот, нема да се издадат посебни сметки. OTW препорачува да обезбедите компјутер со интенет конекција за учесниците да можат да станат членови и директно да направат донации онлајн; за ваквите донации ќе се издадат сметки, ако се потребни. Инаку, можете да испечатите копии на нашиот PDF формулар за членство и донации (на англиски јазик) за да можат да се испратат по пошта.
Доколку сте надвор од САД, OTW би била благодарна ако сакате да одржите настан за собирање на средства. Меѓутоа, донациите најверојатно нема да бидат признаени за одбивање од данок надвор од САД.
Ако сѐ уште имате прашања или би сакале идеи за тоа како да водите настан за собирање на средства за OTW, Ве молиме контактирајте ја Комисијата за развој и членство.