Наоѓање на заедница во изолација

OTW (Организација за трансформативни дела) е непрофитна организација чиј персонал се волонтери од ширум светот. Сè што ќе собереме ги поддржува нашите проекти. Но, тоа не можеме да го направиме сами. Затоа денес, како и секој април, ја започнуваме нашата кампања за членство која се одржува двапати годишно и ги замолуваме нашите корисници да донираат за да ја поддржат нашата работа.

Секако, овој април е различен од претходните во повеќе погледи. Моменталната глобална ситуација е без преседан и знаеме дека голем дел од луѓето кои обично би донирале на OTW сега можеби не се во можност да го сторат тоа. Сакаме да Ве увериме дека благодарејќи на Вашата претходна дарежливост и неуморната работа на нашата Комисија за финансии можеме да бидеме тука долгорочно за сите наши корисници, без разлика на тоа колку пари ќе собереме овој пат. Вашите донации сега ќе ни помогнат да ја одржиме нашата работа во уште подалечна иднина и ќе нè поддржат при планирањето на нашиот развој за наредните години.

Донациите претставуваат инвестиција во OTW што е повеќе од само финанскиска. Секоја донација во износ од 10 USD или повеќе ќе Ви овозможи да станете член на OTW за следната година или да го обновите Вашето членство доколку сте донирале во минатото. Членовите ќе можат да гласаат на нашите избори во август кои ќе го одредат составот на нашиот Управен одбор кој управува со стратешкиот развој на OTW и го води нашето планирање за иднината.

Како и обично, но особено сега, сакаме да знаете дека го цениме и го сметаме за значаен секој придонес кој го правите за нашата заедница. Без разлика дали создавате фан-дела за да нè забавувате и расположите, комуницирате со креаторите преку пофалби и коментари, придонесувате кон зачувувањето на фан-историјата и фан-културата, нè информирате со академски трудови за фановски теми, го вложувате своето време како волонтери, или нудите финансиска поддршка на сите наши проекти, благодарни сме што сте дел од она што го правиме!

Ве молиме донирајте доколку можете и помогнете ни да ја поддржиме оваа заедница најдобро што можеме, денес, утре и секогаш. Можеби ги поминавме изминатите недели и месеци во изолација, но благодарение на Вашата возбуда никогаш не сме навистина сами.


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување..

Event

Comments are closed.