Комисии

Белешка на преведувачот: Имајте на ум дека може да има одложуваењ во ажурирање на оваа страница во случај на промени во персоналот. Доколку не сте сигурни, консултирајте се со англиската верзија за најновата листа.

OTW (Организација за трансформативни дела) е организирана во комисии составени од волонтери. Секоја комисија има посебен фокус, иако повеќето работат заедно за да ги поддржат различните проекти на OTW и да придонесат кон успехот на организацијата. Ако сте заинтересирани да го вложите своето време да ја поддржите OTW, погледнете ги огласите за доброволци за да видите дали постојат отворени позиции кои одговараат на Вашите способности и интереси. Комисиите на OTW се:

Пристапност, дизајн и технологија
Претседатели: Брајан Остин (Brian Austin), mumble и sarken
Го координира дизајнот и развојот на софтверот за OTW. Главниот проект на кој комисијата работи моментално е создавање на софтверски пакет со отворен код, OTW-Archive, за да ја изгради и поддржи Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива).

Документација на AO3
Претседатели: Клер П. Бејкер (Claire P. Baker), Фиона М (Fiona M) и telescopicpoems
Комисијата за документација на AO3 постои со цел да создаде внатрешна документација на AO3 која е насочена кон корисниците и да ја одржи истата целосна и актуелна. Ова вклучува, но не е ограничено на ЧПП, туторијали, екрански снимки и друга документација поврзана со AO3.

Тим асистенти на Управниот одбор
Претседатели: dazyndara и therealmorticia
Му помага на Управнио одбор на OTW со административни задачи и проектен менаџмент за Управниот одбор да може да даде приоритет на критични проблеми и да работи поефективно.

Комуникации
Претседател: Apple, choux и Sveritas
Се занимава со билтени, објави на блогови, контакти со медиуми, кориснички сметки на социјални медиуми и други задачи поврзани со промовирањето на нашите различни проекти. Освен тоа, оваа комисија подготвува интерен билтен и означува настани и значајни датуми за организацијата.

Развој и членство
Претседатели: Ејми2 (Amy2) и Nrandom
Се занимава со собирање на средства и регрутирање на членови за организацијата. Истовремено ја одржува нашата безбедна база на податоци која содржи информации за нашите членови и донатори и се грижи на сите членови да им е овозможено да гласаат на изборите на OTW.

Избори
Претседатели: disjointed, Ема Лојд (Emma Lloyd), Џени Мекдевит (Jenny McDevitt) и Мерион Мекгован (Marion McGowan)
Комисијата за Избори ги одржува годишните избори за членови на Управниот одбор на OTW. Изборите се држат во август секоја година, а гласаат членовите со платено членство во OTW. Комисијата за Избори е одговорна за сите аспекти на изборниот процес, од почеток до крај. Ова го вклучува подготвувањето на кандидатите, техничките аспекти на одржувањето на изборите, осигурувањето дека целиот процес е во согласност со нашите подзаконски акти и управување со периодот на кандидатура (кога кандидатите им се претставуваат на членовите и им се поставуваат прашања).

Фанлор
Претседател: Indes, Ноа А (Noah A) и Професорот (The Professor)
Ја одржува вики-страницата Фанлор. Ова го влкучува поддржувањето на уредниците на Фанлор, како и воспоставување на флексибилна инфраструктура за дефинирање и организација на вики-страницата.

Финансии
Претседател: Јученг Лоу (Yuechiang Luo)
Комисијата за Финансии е одговорна за одржување на сметководството на OTW, извршување и следење на плаќања, соработка со Управниот одбор при креирањето и ажурирањето на буџетот, подготвување и објавување на точни и информативни финансиски извештаи и осигурување дека OTW ги исполнува сите свои обврски поврзани со пријавувањето на даноци.

Правен оддел
Претседател: Бетси Розенблат (Betsy Rosenblatt)
Ги извршува активностите на Legal Advocacy (Правна поддршка) на OTW, го советува Управниот одбор и комисиите во врска со правни прашања и одржува врски со други групи за застапување и надворешни правни советници. Главно се состои од професионални правници.

Отворени врати
Претседатели: Алисон Вотсон (Alison Watson) и Eskici
Open Doors (Отворени врати) има за цел да ги зачува загрозените фан-дела од секој вид.

Правила и злоупотреба
Претседатели: Flerken & wichard
Задолжена е за функциите поврзани со злоупотреба на AO3, како поплаки и кршење на Условите за користење.

Стратешко планирање
Претседател: Натали (natalieee5) и Ден-И (Dan-i)
Го прегледува и ревизира стратешкиот план за OTW на секои 1 – 3 години.

Корисничка поддршка
Претседатели: Nary и Paula
Се занимава со комуникацијата помеѓу корисниците и различните тимови кои работат на AO3. Тимот за Корисничка поддршка помага при решавањето на техничките проблеми со кои се соочуваат корисниците и ги пренесува повратните информации од корисниците.

Системи
Претседател: Метју Вернон (Frost The Fox)
Ги одржува серверите и инфраструктурата за OTW и нејзините проекти.

Уредување на ознаки
Претседатели: brhi, Dre и Qem
Ги сортира и организира ознаките на AO3 во согласност со правилата за уредување на ознаки на AO3, поврзувајќи ги ознаките со исто значење за подобро филтрирање и пребарување, истовремено овозможувајќи им на корисниците да ги означат своите дела како сакаат.

Преведување
Претседатели: Јоана (Ioana) и Наталија Грубер (Natalia Gruber)
Ги координира преведувачите и одржува врски со другите комисии за да овозможи нивните проекти и документи да се достапни на што е можно повеќе јазици.

TWC
Претседател: Бриџет Кис (Bridget Kies) и Кристина Бусе
Управува со Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури), меѓународно, рецензирано академско списание од областа на медиските студии кое се објавува онлајн двапати годишно. Ова го вклучува управувањето со софтверот за списанија со отворен код на TWC (ССОК – Open-source journal software OJS), разгледување на поднесените трудови и по потреба, работење со авторите на содржината. Оваа комисија исто така ги следи документите за време на нивниот проток низ OJS за рецензирање, ревизија, лектура и графички распоред.
Преведување на одговор на корисници
Претседатели: Шао Чу (Qiao Chu) & Таки (taki)
Адреси потребни за преведување од ПАЦ и Поддршка за специфични јазици со голема потреба.

Волонтери и регрутирање
Претседатели: Алисон Вотсон (Alison Watson) и Иви (Eevee)
Регрутира и управува со волонтерите за сите комисии и проекти, им дава на располагање различни алатки и ја следи нивната работа. Комисијата за Волонтери одржува и голема база на податоци со записи за волонтерите, управува со кампањи за вработување на персонал и креира внатрешни референтни материјали и документација за проектите и комисиите на OTW. Ова придонесува кон внатрешната транспарентност и континуитет така што се гради и одржува робустна база на знаење.