Комисија за финансии

Кои сме ние

Комисијата за финансии е одговорна за одржување на сметководството на OTW (Организација за трансформативни дела), извршување и следење на плаќања, соработка со Управниот одбор при креирањето и ажурирањето на буџетот, подготвување и објавување на точни и информативни финансиски извештаи и осигурување дека OTW ги исполнува сите свои обврски поврзани со пријавувањето на даноци.

Доколку имате прашања поврзани со финансиите на OTW кои не се одговорени на оваа страница или во поврзаните документи, Ве молиме контактирајте ја Комисијата за финансии.

Нашите кампањи за донации се во април и октомври, но ја цениме Вашата поддршка во текот на целата година! Редовните месечни донации ни помагаат да планираме однапред. За да донирате на OTW користете ја нашата страница за донации.

Претходни извештаи

За нашите управни документи, годишни извештаи, даночни пријави и ревидирани финанскиси извештаи, посетете ја нашата страница за извештаи. Досега ревидираните финанскиски извештаи на OTW можете да ги најдете и тука:

За повеќе информации поврзани со донациите и членството, разгледајте ги нашите ЧПП за донации и членство.

Пред 2016 не го објавувавме нашиот буџет јавно. За некои години имавме внатрешно планиран буџет, а некои беа помалку планирани. На следните линкови можете да најдете информации за нашиот буџет во последните неколку години: