Комисија за преведување

Кои сме ние

Комисијата за преведување е целосно волонтерски тим со членови од ширум светот. Нашата главна одговорност е да ги направиме содржините на OTW (Организација за трансформативни дела) и нејзините проекти достапни за фановите кои не зборуваат англиски јазик. Исто така им помагаме на другите комисии на OTW во комуникацијата со фановите и корисниците кои не зборуваат англиски.

Внатрешно, комисијата е поделена на преведувачи и менаџери на волонтери. Преведувачите работат во јазични тимови; создаваат и лекторираат преведени текстови. Менаџерите ги координираат јазичните тимови и се грижат за административните задачи поврзани со преведувањето, како на пример создавање и поставување на документи, следење на крајни рокови, интервјуирање на потенцијални преведувачи и тренирање на новите волонтери.

Имаме 47 јазични тимови со различни големини: африканс, арапски, бенгалски, бразилски португалски, бугарски, каталонски, хрватски, чешки, дански, холандски, естонски, европски португалски, филипински, фински, француски, германски, грчки, хебрејски, хинди, унгарски, индонезиски, италијански, јапонски, корејски, киргиски, литвански, македонски, малезиски, марати, норвешки, персиски, поедноставен кинески, полски, романски, руски, српски, синхалски, словачки, словенечки, шпански, шведски, тајландски, традиционален кинески, турски, украински, виетнамски и велшки. Секогаш бараме можности да отвориме нови јазични тимови!

Нашата работа

Комисијата за преведување ги преведува материјалите за OTW и нејзините проекти, вклучувајќи ги и главната страница на организацијата и ЧПП на Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива). Исто така работиме на новостите и известувањата за проектите OTW, како што се известувањата за обновувања на Open Doors (Отворени врати), објавите за новости на AO3 и кампањите за членство на OTW.

Дополнително им помагаме на тимовите на АО3 за Правила и злоупотреба и Поддршка со преведувањето на корисничките пораки и барања и помагаме при одговарање на коментарите на јавните објави кои ги оставаат корисници кои не зборуваат англиски јазик .

За македонскиот тим

  • Тимот за македонски јазик се формираше во јуни 2019 година.
  • Тимот моментално се состои од 3 волонтери.
  • Тие досега работеа на преведување на содржини како веб-страницата на OTW и Често поставуваните прашања на AO3.
  • Тие исто така веќе учествуваа во посебни проекти како припремање на преводи за кампањите за членство на OTW.
  • Овој тим им помага на тимовите на AO3 за Корисничка поддршка и Правила и злоупотреба да комуницираат со корисниците на AO3.

Контактирајте нѐ

Доколку сакате да дознаете повеќе за работата на Комисијата за преведување, нашите тимови или волонтирањето кај нас или доколку имате какви било прашања Ве молиме контактирајте нѐ— со задоволство ќе Ви одговориме.

Каде се наоѓаме

Оваа карта ја покажува концентрацијата на членовите на OTW преведувачите ширум светот во август 2019, каде земјите со повеќе членови се обоени во потемна боја. (Само членовите кои сакат да се појават на картата се вклучени.) Картата ги покажува националностите или местото на престој на волонтерите, зависно од тоа што избрале да користат.