
OTW (Организација за транформативни дела) е создадена од љубов. Ја создадоа фанови за фановите. Ние сме непрофитна организација и целосно се потпираме на донации: донираното време на нашите волонтери и паричните донации од заедницата на која ѝ служиме. Денес почнува нашата кампања за членство која се одржува двапати годишно, за време на која ги замолуваме оние од Вас кои се во можност да размислат околу тоа финансиски да придонесат за да ја поддржат нашата работа. Можете да прочитате како ги трошиме овие пари во нашиот буџет.
Вашите донации на OTW ја поддржуваат нашата работа на сите проекти: од Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива) до Fanlore; од нашето академско списание, Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури), до нашиот проект за зачувување на фан-дела Open Doors (Отворени врати) и залагањето за транформативните дела на глобално ниво на нашиот Правен оддел. За донаторите постојат и подиректни придобивки. Со донација од 10 USD или повеќе можете да изберете да станете член на OTW, со што имате право да гласате на изборите за нашиот Управен одбор кои се одржуваат секоја година во август.
Членовите исто така добиваат дигитална икона која може да се користи на Вашиот профил на AO3 или на профилите на социјални медиуми, а оние кои биле член на OTW три, пет или десет години имаат право на ексклузивни комеморативни подароци. Дознајте повеќе за членството и гласањето тука.
Оние кои ќе донираат 40 USD или повеќе можат да изберат подароци за благодарност. Оваа година нови се OTW чашата во бела боја во ограничено издание и новиот сет на стикери. Доколку не можете да донирате толку во овој момент, можете да поставите повторлива донација на ниво кое Ви одговара и да го известите нашиот тим за развој и членство за која премија сакате да штедите. Кога со донациите ќе го постигнете нивото кое е потребно, ќе Ви го испратат подарокот.
OTW е регистрирана непрофитна организација во САД и донаторите во оваа земја можно е да можат да ги искористат шемите за удвојување на донации од нивниот работодавец. Ве молиме разговарајте со Вашето работно место за да дознаете дали ова е можност за Вас.
Доколку не сте во можност да донирате овој пат, Ве молиме споделете ја оваа објава со други и знајте дека ја цениме Вашата поддршка, на кој било начин и да го правите тоа. Ви благодариме за Вашите пари, Вашето време и Вашата љубов. Не би биле тука без нив!