Кампања за членство октомври 2021: Ви благодариме за поддршката

Октомвриската кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) само што заврши и со огромно задоволство можеме да кажеме дека вкупно собравме запрепастувачки 195.009,65 USD, далеку надминувајќи ја нашата цел од 40.000 USD. Исто така го зголемивме и нашето членство на 4.786 членови. Ова го овозможи дарежливоста на 6.700 донаторите од 77 држави ширум светот. Како и секогаш, ние сме преблагодарни за нашата глобална заедница. Ви благодариме! Вашата поддршка ни овозможува да продолжиме да работиме во служба на нашата мисија: унапредување на интересите на фановите кои ги застапуваме со тоа што обезбедуваме пристап до и зачувување на историјата на фан-делата и фан-културата во сите нејзини форми.

Исто така сакаме да им се заблагодариме на волонтерите чија работа овозможи оваа кампања да се оствари непречено и на сите корисници кои постираа, испраќаа твитови и зборуваа за кампањата со нивните пријатели и познаници. Вашата помош е од непроценливо значење при постигнувањето на нашите цели. Ве цениме сите премногу!

Доколку не успеавте да донирате, не грижете се! Прифаќаме донации во текот на целата година. Членството во OTW, кое им е достапно на оние кои ќе донираат 10 USD или повеќе, трае цела година од датумот на последната донација од 10 USD или повеќе. Секој што ќе донира сега ќе има право да гласа на следните избори за Управниот одбор на OTW. Подароците за благодарност кои ги нудиме за донации од 40 USD или повеќе исто така се континуирано достапни. Секогаш е добро време да се донира!


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.

Event

Comments are closed.