
OTW (Организација за трансформативни дела) ја замислија, изградија и дизајнираа корисниците на нашите услуги. Тоа е она што нѐ прави уникатни! Дали тоа се адвокатите, системските администатори и другите волонтери кои ги одржуваат нашите проекти; донаторите чија даржливост ја гарантира нашата финансиска состојба; или писателите, уметниците и другите придонесувачи чија напорна работа е пристутна на Фанлор, Transformative Works and Cultures – TWC (Трансформативни дела и култури) и Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива), ништо од тоа што го правиме не би било можно без времето, љубовта и посветеноста на индивидуалните фанови.
Посилни сме заедно отколку разделени. Затоа денес Ве замолуваме да размислите или да станете член на OTW или, доколку веќе сте зачленети, да го обновите Вашето членство. За членство потребна е донација од само 10 USD, а трае цела календарска година.
Кога ќе се зачлените, ќе се здобиете со правото да гласате на изборите за Управниот одбор на OTW, кои се одржуваат секоја година во август. Исто така ќе добиете икона за социјални мрежи која можете да ја користите на Вашиот профил на AO3 или други социјални платформи за да им покажете на другите дека сте дел од OTW!
Оваа година исто така воведовме нова придобивка за редовните членови. Доколку сте биле член секоја од последните три, пет или десет години сега имате право да добиете ексклузивни подароци за благодарност! Тригодишните членови можат да побараат обележувач (за да го користите за сите фикови што сте ги испринтале за да ги читате офлајн, секако). Петгодишните членови можат да побараат налепница за да ја покажуваат на своите лаптопи, шкафчиња или каде било сакаат. А нашите ценети десетгодишни членови ќе имаат пристап до OTW магнет. Дизајните на сите овие премиуми ќе ги откриеме кон крајот на оваа година и се ексклузивни за долготрајните членови на OTW.
Каква и да е Вашата поддршка за OTW, токму благодарејќи на Вас успеавме да се развиеме и да напредуваме последните тринаесет години. Го цениме секој придонес на нашите корисници и се надеваме дека оваа година ќе ја зацврстите Вашата врска со нашата работа со тоа што ќе ни се приклучите како член.
OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување..