Извештаи од Комисијата за стратешко планирање 2012-2014

За овие извештаи

За да ги напише овие извештаи, Комисијата за стратешко планирање ги анкетираше сегашните членови на персоналот и волонтерите, како и поранешните членови на персоналот и волонтери од сите комисии и работни групи, ги интервјуираше претседателите и одржа дополнителни интервјуа со сите членови на персоналот и волонтери (сегашни или поранешни) кои сакаа дополнително да разговараат со нас.

Сѐ во извештаите е базирано на податоците собрани од членовите на комисиите и работните групи. Од одговорите составивме резимеа на предностите и предизвиците кои ги идентификуваа членовите на персоналот и волонтерите (сегашни и поранешни) и предлози за промена базирани на нивните сугестии. Повеќе информации за овој процес се содржани во самите извештаи.

Пред да пристигнат кај Вас, извештаите беа прегледани од соодветните претседатели на комисиите и Управниот одбор и уредени од Комисијата за комуникации. Целта на ова беше да се поправат фактичките грешки кои може да сме ги направиле и да добиеме повратни информации пред пошикорото објавување. Никои податоци собрани од анкетите или интервјувата не беа променети или избришани од извештаите како резултат на овие прегледи.

Повратни информации

Се надеваме дека извештаите ќе ви бидат интересни и секоја Ваша повратна информација секако е добредојдена! Ако имате какви било прашања или сакате да ја контактирате комисијата, обратете ни се преку нашиот формулар за контакт.

Ве молиме имајте на ум дека овие извештаи ги вклучуваат само внатрешните засегнати страни, па иако коментарите поднесени преку формуларот за контакт од засегнатите страни надвор од OTW (Организација за трансформативни дела) ќе ги прочитаме и продискутираме (и можеби ќе ги земеме во предвид за идни извештаи, како и следниот круг на стратешко планирање), мислењата на надворешните засегнати страни нема да ги вклучиме во идните ревизии на овие извештаи.

Ја чуваме секоја комуникација која пристигнува кај нас на висок стандард на доверливост и со задоволство ќе разговараме за ова со Вас доколку имате какви било замерки.

Линкови до извештаите

Извештаите се подредени според датумот на објавување.