Ви благодариме за поддршката

Априлската кампања за членство на OTW (Организација за трансформативни дела) само што заврши и ние сме воодушевени од Вашата неверојатна дарежливост. Вашите досегашни донации далеку ја надминаа нашата првична цел од 130,000 USD, собирајќи вкупно 458,501.00 USD, донирани од 14905 луѓе од 96 држави. Ние сме преблагодарни и како и секогаш сме посветени на оваа заедница што сите ја градиме заедно секој ден. Не можеме да Ви се заблагодариме доволно за тоа што ја поддржувате нашата мисија и го овозможувате идниот развој на нашите проекти.

OTW е непрофитна организација, што значи дека секој долар што го донирате оди кон нашата работа т.е. заштитување на фан-делата и фан-културата за сите. Оваа година, ѝ помогнавте на Комисијата за проектот Отворени врати додека се обидуваше да го ублажи ефектот на затворањето на Yahoo Groups, соработувајќи со членовите и модераторите на групите со цел содржините да се внесат во Archive of Our Own – AO3 (Наша сопствена архива). Помогнавте да се финансира купувањето на нови сервери за AO3Правна комисија додека се бореше против регулативата настроена против фановите ширум светот. (Ќе дознаете подетално како се потрошени средствата во нашата најнова објава за буџетот .)

Со Вашата помош можеме да продолжиме активно да ги поддржуваме фан-делата и да ги опслужуваме потребите на фановските заедници година за година. Затоа, уште еднаш Ви благодариме; навистина сме воодушевени од Вашата поддршка и великодушност. И не грижете се: ако сакате да донирате надвор од кампањскиот период, OTW прифаќа донации цела година!

(Ве молиме имајте на ум дека поради моменталната ситуација со COVID-19, можно е доставата на некои подароци за донации да биде одложена. Можете да ги најдете најновите информации во врска со ова на нашата страница за донации.)


OTW е непрофитната матична организација на повеќе проекти, вклучувајќи ги AO3, Фанлор, Отворени врати, TWC и Правната поддршка на OTW. Ние сме организација предводена од фанови, која е целосно поддржана од донации и волонтерски персонал. Дознајте повеќе за нас на веб-страницата на OTW. За да дознаете повеќе за нашиот тим од волонтерски преведувачи кои ја преведоа оваа објава, погледнете ја страницата на Преведување.